en
Feedback
WarWaveMKD

WarWaveMKD

Open in Telegram

Етнонационализам, историја, политика, новости.

Show more
1 459
Subscribers
No data24 hours
-17 days
-1430 days
Posts Archive
Италија излегла од ПСВ со „осакатена победа“: дала половина милион животи, но не ги добила териториите кои ги барала; економската состојба била влошена и имало висока невработеност; внатрешните поделби, кои требало да бидат отстранети преку победа во војната, само се продлабочиле. Вербата во либералниот поредок почнала да се губи, а политиката да се радикализира. Започнале „Црвените две години“ (1919-20) одбележани со левичарски демонстрации, штрајкови, окупирање на обработлива земја и на фабрики, но во 1920 г. неодлучноста на левото политичко и синдикално водство довело до стишување и замирање на револуционерниот полет. Општо, во Италија владеела состојба на анархија која властите не можеле да ја контролираат. Стравот од револуција како таа во Русија довел до жестока реакција во форма на паравоените сквадристи и фашистичкото движење предводено од Мусолини, кое било во зародиш и составено од разни класи и политички идеи. Неговата бројност пораснала од 17.000 до 100.000 во 1920 г., 320.000 до есента 1921 г. кога прераснало во партија и 477.000 до летото 1922 г. Годините 1921-1922 („Црните две години) биле исполнети со сè поголемо улично насилство, во кое фашистите се стекнале со борбена надмоќ. Во изборите од мај 1921 г. фашистите за прв пат влегле во парламентот, со 33 пратеници како дел од коалицијата Национален блок (105 од вкупно 535 пратеници). Од изборите до летото 1922 г. се промениле три владини кабинети, а започнало да се говори за можен фашистички преврат. Мусолини бил свесен дека немале доволно сили за таков чин, но политичката клима била поволна и имале јавна поддршка како единствени кои можат да воспостават ред и мир во државата. Ноќта помеѓу 27 и 28 октомври фашистите започнале со окупација на јавни објекти низ повеќе градови пред да почнат да се слеваат кон Рим. Владата изготвила план за воена состојба, но кралот, стравувајќи од граѓанска војна, одбил да го одобри. Наместо тоа, на 29-ти Мусолини добил понуда да состави нова влада. На 30-ти фашистичкиот марш пристигнал во Рим, а на 31-ви, додека 25.000 црнокошулци парадирале низ градот, Мусолини ја формирал новата влада. На тој начин фашистите легално се стекнале со власт.

photo content

Честит Ден на македонската револуционерна борба!
Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Repost from N/a
,,Од една страна, за една нација е добро само она кое произлегло од нејзината сопствена срж и нејзините сопствени потреби, бе
,,Од една страна, за една нација е добро само она кое произлегло од нејзината сопствена срж и нејзините сопствени потреби, без подражавања на другите нации. Бидејќи она кое на еден народ на одреден степен развој може да му биде благотворна храна, за некој друг може да биде отров. Сите обиди да се внесе некоја туѓа новина за која нема потреба и која нема корени длабоко во сржта, се лудост и сите револуции подготвувани со таква намера се безуспешни." - Гете (1824) 1893 - 2024 💐

prosechen warwave enjoyer

Тие кои ги интересира далечната иднина знаат дека како што некогаш постоел еден суперконтинент на Земјата, така за 200-250 милиони години ќе се формира нов суперконтинент, односно сегашната географија и политичките граници се осудени на неизбежна промена – ако не поради човечки фактор, тогаш поради самата природа. Дополнително, како резултат на ширењето на јадрото на Сонцето милијарда години од сега повеќе нема да има услови за човечки живот на Земјата, која на крајот и самата ќе биде проголтана од Сонцето. Освен ако дотогаш не се најде пат надвор од планетата нашиот вид ќе изумре. Тие кои се интересираат за минатото, знаат дека денешните национални идентитети не постоеле во праисторијата и дури и да влечат корен од антиката постојат во изменета форма во дешеницата, со разни етнички, јазични и културни примеси низ вековите, а притоа нашите предци се поистоветувале со ред други идентитети пред да се дојде до денешниот национален. Што значи тоа што не секогаш нашите предци се сметале за Македонци и тоа што еден ден Земјата ќе исчезне, во однос на нашите денешни околности и предизвици како нација? Ништо. Ако знаеме дека нашата нација не потекнува од вечноста и нема да трае до вечноста, тогаш сосема логично е нашиот национализам пред сѐ да се заснова на сегашноста. Затоа, да не се оптоваруваме до нездраво ниво со историски дебати или анксиозност за далечната иднина; да не објаснуваме до бесвест или да се разочаруваме за тоа кој какво историско право има и кој колку е стар; да не се губиме во морализации и рационализации за причините кои довеле до сегашните околности и до односите кои ги имаме со другите околу нас – бидејќи тоа не ги менува нашите сегашни предизвици, односот на другите кон нас и стварноста дека сме Македонци, туку да ги збиеме редовите и да се бориме за нашите национални и социјални права при стварните услови на сегашноста, на ниво на поединци, семејство или поширока заедница. Минатото поминало, денес сме таму каде што сме, а иднината зависи од нашата дејност во сегашноста.

photo content

"Како избраниците на боговите; како Зигфрид се соочивте со змејот; како Амадис силно се боревте за дамата на вашите сништа, за да ја ослободите од вештерките; како Гарсиласо пишувавте поезија и паднавте за Империјата, без шлем и оклоп, со откриено лице, кога го напаѓавте замокот на вашите илузии. Во земјата на грациозните палми и во близина на Средоземното Море - класично како вашата култура, сјајно како вашиот мозок и сино како вашата кошула - вашето тело сега мирува, но вашата душа веќе ќе влезе во тој рај за кој ќе пеете и каде што кај бравите на портите, заедно со ангелите со мечеви, вашите паднати чети стражарат свртени кон сонцето за Бога и за Шпанија, победничка над сите свои непријатели, без пактови и посредништво."

"Revolutionary nationalism does not believe in the possibility of eternal peace, in a humanity capable of eliminating antagon
"Revolutionary nationalism does not believe in the possibility of eternal peace, in a humanity capable of eliminating antagonisms between different peoples." — Karl Otto Paetel

The endgame of Civic Nationalism This is a translatetd chapter of my best selling book “Right wing regime change” you can rea
The endgame of Civic Nationalism This is a translatetd chapter of my best selling book “Right wing regime change” you can read for free here. I draft a right wing revolutionary strategy following Gramsci, Althusser, Sharp and others. Part of the book criticizes wrong strategies like militancy and what I call “parliamentary patriotism”. This chapter is part of the analysis of the latter. https://martinsellner.substack.com/p/the-endgame-of-civic-nationalism 👉 English channel ____ 🔋 Support my work

Good morning saar 🇮🇳

photo content

Потсетување: приклучете се во каналот за дискусија. *Бугароманство забрането* https://t.me/warwavemkdchat

Имигрант на полско-белоруската граница ги предизвикува полските војници, а во еден момент вели: "стрелај ме". Момент подоцна е застрелан.

photo content

Во Македонија во ВСВ, како и во претходните конфликти, не изостанала великосрпската вооружена пропаганда. По брзата окупација на Југославија од страна на силите на Оската во 1941 г., остатоците од кралската југословенска армија биле реорганизирани во т.н. Југословенска војска во татковината, позната и како Рамногорско/Четничко движење. Оваа српска воена формација започнала со организирање на чети во Македонија уште од почетокот на окупацијата и била распространета ширум Вардарска Македонија, со главно упориште во североисточниот дел, каде што бил формиран Првиот вардарски четнички корпус во јуни 1943 г. Во споредба со останатите вооружени групации кои делувале во Македонија, четниците не биле значаен военополитички фактор, но со своето постоење го забавувале развојот на македонското народноослободително движење. Поради тоа, македонската НОВ преземала дејства за разбивање на Вардарскиот корпус на почетокот на 1944 г. По успехот на Февруарскиот поход во 1944 г., на 26 февруари 1944 г. од три баталјони во Кумановско била формирана Третата македонска ударна бригада. Таа ја добила задачата за справување со четниците во тој крај, каде што се смета дека дејствувале околу 800 четници, кои погрешно проценувајќи ја состојбата ги групирале своите сили во реонот на Сејац во подготовка за напад на 1 март врз македонскиот Главен штаб во манастирот „Прохор Пчињски“. Тој план не се исполнил бидејќи пред неговиот почеток на 29 февруари тие биле нападнати од здружените сили на Третата македонска ударна бригада, два јужноморавски баталјони, косовскиот баталјон и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“. Во борбите во реонот на Сејац, кои се воделе скоро цел ден, четниците биле отфрлени од своите позиции и опколени во долината на реката Пчиња, каде многумина се удавиле во обид за бегство, 97 биле заробени и било запленето големо количество на оружје. Останатите четници кои побегнале се распрснале низ теренот. По борбите кај Сејац продолжило гонењето на српските четници и на 3 март повторно дошло до битка, кај Ново Село. По кратка борба, четничката група била разбиена со големи загуби, а 30 биле заробени. По овој пораз, четниците се повлекле во внатрешноста на Србија. Некои се обиделе да се кријат во селата во околината, но биле откриени и фатени, заедно со големи количества на храна и воен материјал. Поистакнатите четници биле гонети и во наредните години – еден од нив е и Миливоје Трбиќ, четнички командант и син на озлогласениот четнички војвода Василие Трбиќ кој учествувал во задушувањето на Тиквешкото востание. По долга потрага, Миливоје бил уапсен од УДБА во с. Рилево во јануари 1947 г., а по изречување на смртна казна во Скопје бил стрелан на 24 септември 1947 г. Победата врз Вардарскиот четнички корпус овозможила македонските сили да создадат поголема слободна територија во североисточниот дел од Македонија, а со тоа се овозможило и свикувањето на Првото заседание на АСНОМ.

photo content

"Во петвековното ропство разни поробувачи ја грабеа твојата земја и го поробуваа твојот народ. Единственото средство кое не м
"Во петвековното ропство разни поробувачи ја грабеа твојата земја и го поробуваа твојот народ. Единственото средство кое не можеше да ти биде ограбено, беше борбата. Таа остана најсилното оружје во твоите раце и ти помогна да не бидеш збришан како народ." Честит празник.

Плаќај репарации, другар! Смрт за империјализмот, слобода за народот ✊🏽