en
Feedback
Одбрана и Безбедност

Одбрана и Безбедност

Open in Telegram

Телеграм канал специјализиран за воена аналитика, анализи на воени конфликти, новости во сферата на воената наука, вооружувањето и војувањето, како и во борбата против тероризмот.

Show more
588
Subscribers
-224 hours
-47 days
-630 days
Posts Archive
Без Денот на Победата немаше да постои Македонија 9-ти мај и Победата над нацизмот и фашизмот го овозможи остварувањето на вековниот сон на Македонскиот народ - создавање на своја држава. Мировните конференции во Техеран и Јалта и одлуките од истите го потврдија тоа. Македонскиот народ со крв ја создаде својата држава и се најде меѓу Победниците. Иако денес во Македонија борбата против нацизмот и фашизмот се релативизира, истата беше борба за македонска национална држава, колку и некој да се обидува тоа да го негира, или да ја препишува историјата денес.

Без Денот на Победата немаше да постои Денот на Европа 9 мај не е случајно изберен за Ден на Европа. За западот секогаш големо значење играла мистиката на датумите. Посдамската мировна конференција во 1945 година и поделбата на Европа на сфери на влијание обезбедија мир во Европа, а Бретон - Вудскиот систем како и Маршаловиот план овозможија Западна Европа економски да се крене од урнатините. Но Нацизмот и Фашизмот воопшто не беа и не се аномалии, туку чисто европски феномен, хранети со принципите на европската исклучителност и цивилизациска мисија. Германија и Франција после Втората Светска Војна излегоа поразени и понижени. Германија беше воено поразена и поделена, а Франција го изгуби приматот на голема светска сила, не учествуваше во новата поделба на светот а Француската Империја се распаѓаше. Берлин и Париз решија да стават крај на вековното непријателство и војни, и решија да и дадат шанса на интеграцијата и обединувањето. На 9-ти мај 1950 година визионерот Роберт Шуман предложи нов модел на политичка и економска соработка во Европа, преку формирање на Европската заедница за јаглен и челик, која што подоцна прерасна во Европска Унија. ЕУ помогната од балансот и паритетот на силите помеѓу САД и СССР (Русија) овозможија повеќе да нема големи војни во Европа, и Европа да се развива. Денес Берлин и Париз се движечката сила на ЕУ, иако Берлин го држи приматот. Но после 2004 година развојот и длабоката интеграција на ЕУ стагнираат. ЕУ денес се дави во бирократија, без јасно лидерство и визија за иднината. И покрај својата економска тежина, ЕУ денес не е политички и воен фактор во светот, и самостојно не може да реши сериозен конфликт или дестабилизација во Европа па и во светот.

Да не се заборави и да не повтори - Куманово - Диво Населје 2015 година Сите даваме по нешто, некои дадоа се ... Слава им на
Да не се заборави и да не повтори - Куманово - Диво Населје 2015 година Сите даваме по нешто, некои дадоа се ... Слава им на сите македонски херои од разните полициски единици кои животот го положија за Македонија во 2015 година. Хероите живеат вечно ...

Тенкот на Победата! Легендарните тенкови Т-34-85 денес на парадата во Москва. Се работи за тенкови кои учествувале во освојувањето на Берлин. Како и минатата година, и оваа година скромна парада, без учество на механизирани единици.

9-ти мај - Денот на Големата Победа! Среќни празници и мирно небо! 79 години од Големата Победа над нацизмот и фашизмот во Ев
9-ти мај - Денот на Големата Победа! Среќни празници и мирно небо! 79 години од Големата Победа над нацизмот и фашизмот во Европа! Низок поклон до Советскиот народ и Црвена Армија! Слава им на сите знајни и незнајни херои на Црвената Армија! Се сеќавам и се гордеам! И легендарен стих од бесмртната песна "Ден на Победа". Стих кој не ве остава рамнодушни. Ова е празник Со седа коса кај слепоочниците Ова е радост Со солзи во очите. Ден на победа! Ден на победа! Ден на победа! Ура, Ураа, Ураааа!!!!!!!

НР Кина и Србија градат челично стратешко партнерство Си Џинпинг вчера вечерта пристигна во Србија. Претседателскиот авион беше придружуван од српски борбени авиони МиГ-29. На аеродромот Си беше пречекан од претседателот Вучиќ и импресивна делегација од целото највисоко раководство на државата. Претседателот Си Џингпинг синоќа по пристигнувањето во Белград изјави дека челичното пријателство на Србија и Кина пуштило подлабоки корени во срцата на двата народа и дека е убеден дека оваа посета ќе биде плодна и ќе отвори ново поглавје во односите меѓу двете земји. Посетата на шефот на НР Кина започна на 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград. Во 2016 година Србија и НР Кина потпишаа документ за стратешко партнерство.

🇨🇳🇷🇸 Кинескиот претседател Си пристигна во Белград - најважна посета на странски државник на Балканот во 2024 На 7 мај започнува дводневната официјална посета на Србија на кинескиот претседател Си Џинпинг. Историска посета со многу симболика, на денот кога 1999 година САД ја бомбардираа кинеската амбасада во Белград. Посета со геополитичка тежина. Србија во НР Кина гледа стратешки партнер и на безбедносен, и на економски, и на дипломатски план. Ќе бидат потпишани и договорени документи од историско значење. Еден од највлијателните светски лидери пристигнува во Белград со делегација од 400 луѓе! 3.400 полицајци и агенти се распоредени за да обезбедат безбедност за посетата на Си Џинпинг на Белград. Посетата на претседателот на Народна Република Кина на Белград се одвива во позадина на подготовките за стапување во сила на договорот за слободна трговија меѓу Србија и НР Кина на 1 јули. Кинескиот парламент го ратификуваше соодветниот билатерален документ. Во изминатите 5 години српскиот извоз во Кина е зголемен за 15 пати! Минатата година меѓусебната трговска размена меѓу Кина и Србија изнесуваше 5,6 милијарди евра, од кои 1,1 милијарда беа српскиот извоз во Кина. Србија успешно ја продолжува политиката на Југославија, да биде мост помеѓу Истокот и Западот.

❗️Турција ги прекина сите трговски односи со Израел, од четврток (02.05.2024) ќе престане целиот увоз и извоз, пишува Блумберг, цитирајќи двајца турски официјални претставници. Ова е интересно. Израел ја добива целата своја нафта преку турските пристаништа (приближно 200-250 илјади барели дневно, во просек по два танкери неделно). Но, самата нафта е од Азербејџан, а во замена Израел му испорачува оружје на Азербејџан, плус други технологии. Дали турското ембарго ќе важи и за нафтата од Азербејџан? Останува да видиме. Доколку да, тоа може да промени многу работи ...

Според агенцијата Ксинхуа, утрото на 1-ви мај, третиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ (Фуџијан / 福建, со идентификациски број „18“, ќе додадам дека ова е првиот носач на авиони од Проектот 003) исплови кон своите први морски испитувања. Бродот го напушти бродоградилиштето Шангај Џиангнан околу 8 часот.

Сфаќам дека овој пост ќе иритира некои луѓе, но тој е само наменет како репортажа. На крајот на краиштата, што треба да права
+9
Сфаќам дека овој пост ќе иритира некои луѓе, но тој е само наменет како репортажа. На крајот на краиштата, што треба да правам овде во Москва? Клучна тема на претстојната прослава на 9 мај следната недела е изложбата на трофејна техника во Паркот на Победата, во центарот на Москва, каде што се изложени околу 30 заробени оклопни возила, донирани на Украина од 12 различни земји. Да се надеваме дека двете страни наскоро ќе седнат на преговарачка маса и ќе се стави крај на војната.

На 1-ви мај се навршуваат 10 години од создавањето на сега светски познатата приватна воена компанија Вагнер. Борците на „Оркестарот“, кој започна како мала група волонтери во Санкт Петербург на 1 мај 2014 година, низ годините поминаа низ тежок и славен борбен пат низ низа локални конфликти во Донбас, Сирија и Африка (Либија, ЦАР, Мали, Нигер) Венецуела, а од 24.02.2024 војната во Украина, што го направи Вагнер најголема и најефикасна воена компанија во светот. За жал, по брзиот подем и излегувањето од сенките, Вагнер се соочи со подеднакво силен пад и расцеп, како и последователна смрт на неговите клучни водачи, што на крајот доведе до ликвидација на Вагнер во форма во која сите ние ја знаевме.

+1
Ексклузивно од Москва ⚡⚡⚡ Трофејни M1ASA ABRAMS и Leopard 2A6 во Паркот на Победата.

Во еден говор пред Македонците во Опис на реката Тигар во 324 година п.н.е. Александар ги потсетил своите војници: „Филип ве најде скитници просјаци; облечени во партали, пасејќи неколку овци во планините и со мака ги браневте од Илирите, Трибите и соседите Тракијци. Ви облече мантии и туники наместо партали, ве насели од планините во рамнините, ве направи страшни противници за околните варвари, ве научи да се заштитите, потпирајќи се не на природните упоришта, туку на вашата моќ и сила, ве насели во градовите, го рационализираше вашиот живот, ве едуцираше за добри обичаи и закони. Над истите варвари што ве водеа во заробеништво и ви го одземаа имотот, ве направи господари, поранешни робови и поданици; го припои најголемиот дел од Тракија кон Македонија; ги зазеде најпогодните места на брегот и со тоа ја прошири трговијата со нашата земја; овозможи мирно да се развиваат рудниците. Тој ви даде власт над Тесалјаните, а вие умиравте од страв од нив; откако ги понижи Фокијците, тој ви отвори широк и пригоден пат кон Елада, кој порано беше тесен и тежок; Тој ги понижи Атињаните и Тебанците, кои секогаш подготвуваа македонски интриги, до тој степен - и овде веќе со наша помош - што не им оддавате почит на Атињаните и не им се покорувате на Тебанците, туку тие, до одреден степен, ни се покоруваат нам и работет за нашата безбедност. Тој воведе ред во Пелопонез; цела Елада му се подчини во походот против Персија и тоа му даде голема слава, исто и слава на вас и на целиот македонски народ. (Аријан, 7.9.2).

„Украина ќе може да влезе во НАТО дури по победата во воениот конфликт со Русија Прашањето за НАТО е прашање на мнозинството, а мнозинството е политичко прашање. А за да може Украина да биде политички прифатена во Алијансата, тоа бара победа. И јас верувам дека една од причините зошто има војна е затоа што не сме биле во Алијансата претходно“ - Зеленски

30-ти април 1945 година неможејќи да се помири со поразот и крахот на неговиот рајх, во својот бункер во Берлин се самоуби светски познатиот австриски сликар А. Х.

Никогаш да не се заборави бесмртниот и херојскиот подвиг на Црвената армија и Советскиот народ во победата над Нацистичка Гер
Никогаш да не се заборави бесмртниот и херојскиот подвиг на Црвената армија и Советскиот народ во победата над Нацистичка Германија и ослободувањето на Европа! 30-ти април 1945 год. Берлин, Црвеното Знаме на Победата беше триумфално поставено на германскиот рајхстаг. Останатото е историја ...

Двојни стандарди... И потоа Западот се чуди зошто никој повеќе не им верува 🇺🇸САД подготвуваат мерки против Меѓународниот кривичен суд (МКС) во случај да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Соодветниот закон се развива, но детали за законот не се дадени. Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон вчера, 29 април, ги нарече наводните налози за апсење на МКС „срамни“ и „незаконски“. Тој ја повика американската администрација „веднаш и недвосмислено да побара оставка од МКС“ и „да ги искористи сите расположливи алатки за да спречи таква гнаса“.

Во Народноослободителната армија на Кина активно се воведуваат нови тактики и обуки за дејство против FPV дронови и дронови коптери. Акцентот е обука на пешадијата, односно јуришните групи, за против дејство против FPV дроновите и коптерите. Кинескиот Генералштаб ги следи модерните трендови на војување и активно истите ги имплементира во својата армија.

Поглед на ноќната страна на Земјата од Меѓународната вселенска станица