cookie

Sizning foydalanuvchi tajribangizni yaxshilash uchun cookie-lardan foydalanamiz. Barchasini qabul qiling», bosing, cookie-lardan foydalanilishiga rozilik bildirishingiz talab qilinadi.

avatar

WarWaveMKD

Ko'proq ko'rsatish
Reklama postlari
1 244
Obunachilar
+224 soatlar
-17 kunlar
-330 kunlar

Ma'lumot yuklanmoqda...

Obunachilar o'sish tezligi

Ma'lumot yuklanmoqda...

Методиј во 873 год. се вратил во Моравија како архиепископ. Меѓувремено, Сватоплук во 871 ја отфрлил франкиската окупација на В. Моравија и склучил мир со И. Франкија во 874 год., па тој период на враќањето на Методиј се поклопил со период на значително зајакнување и проширување на В. Моравија, а со тоа и на територијата под негов духовен авторитет. Наспроти волјата на папата, проблемите со германските свештеници продолжиле. Тие повторно го обвиниле Методиј за ерес, овој пат за некористењето на изразот филиокве при рецитирањето на Симболот на верата. Методиј повторно бил повикан во Рим – таму во 880 год. пак ја одбранил својата позиција, воглавно поради тоа што филиоквето сè уште не било официјално прифатено во Рим. Папата ја потврдил неговата положба како архиепископ во Моравија и употребата на словенската литургија со папска була (Industriae tuae). Во 882 год. се упокоил папата Јован VIII. Губењето на овој сојузник ја разнишало позицијата на Методиј, кој најверојатно за стекнување на поддршка таа година патувал во Цариград на средба со царот, од кого добил одобрување за својата дејност. По враќањето во Моравија, околу 883 Методиј го извршил покрстувањето на Борживој I, кнез на Бохемија и основач на моќната династија Пшемисловци, што било значаен чекор во христијанизацијата на Бохемија. Пред својата смрт Методиј завршил со преводот на Стариот Завет и го назначил Горазд за свој наследник. Се упокоил на 6 април 885 год во Велеград. По смртта на Методиј новиот папа Стефан V не го признал Горазд како архиепископ, туку црковната администрација во В. Моравија ја предал на епископот Вихинг, кој бил жесток противник на словенската богослужба и книжевност. Била издадена и папска була (Quia te zelo fidei) со која се забранила литургиската употреба на словенскиот јазик. Учениците на Св. Кирил и Методиј одбивале да служат латинска литургија, по што тие (околу 200 на број) биле затворени, а нивната школа распуштена. Во 886 биле протерани од В. Моравија, каде што преовладала латинската литургија. Дел од протераните свое прибежиште нашле во Бугарија, каде што било сочувано и продолжено делото на светите браќа Св. Кирил и Методиј, кои покрај сите тешкотии се издигнале како столбови на словенската култура и идентитет и христијански рамноапостолни светци. Прогласени за созаштитници на Европа со Св. Бенедикт Нурсијски во 1980 год. од страна на првиот словенски папа - Јован Павле II, нивното дело денес е уважено и празнувано низ целиот словенски и христијански свет – источен и западен.
Hammasini ko'rsatish...
👍 3
Бидејќи најчесто делото на Св. Кирил и Методиј се сведува само на создавањето на глаголицата, тука накратко ќе се изложи целосниот редослед на настаните од Моравската мисија. Првите христијански проповедници помеѓу Словените во Велика Моравија пристигнале од диецезите во Источна Франкија, а во 831 год. било извршено покрстувањето на „сите Моравци“ и нивниот принц Мојмир I. Тој имал надеж дека со тоа ќе оддржи мир со Франките, но тоа не се случило. Наследникот на Мојмир, Растислав, сакал да го намали влијанието на франкиските свештеници преку создавање на посебна црковна администрација, па за таа цел во 861 год. побарал мисионери од папата во Рим – одговор не добил. Наредната 862 год. испратил барање и до византискиот цар Михаил III, да му испрати мисионери кои ќе го проповедаат христијанството на словенски јазик, а Цариград не можел да ја пропушти оваа прилика да го прошири своето влијание. Мисијата билa доверенa на браќата Константин и Методиј. Тие за потребите на мисијата во манастирот Полихрон во Битинија ја создале глаголицата – првото словенско писмо. Пред заминувањето во В. Моравија започнале со преведување на евангелијата и на псалтирот од грчки на старословенскиот јазик говорен помеѓу македонските Словени од Солунско (иако можно е да започнале со таа дејност уште пред молбата на Растислав). Во 863 год. браќата со група ученици пристигнале во В. Моравија. Веднаш започнале да бележат успех поради тоа што се служеле со јазик разбирлив за населението. Била основана школа за образување на идни свештеници и државни чиновници. Народниот словенски јазик се употребувал не само во образованието, туку и во литургијата која се вршела според византиски обред. Се работело и на законик (прв словенски) кој се засновал на византиското право, но вклучувал и локално право. Успехот на мисијата довел до конфликт со тамошните франкиски/германски свештеници, претставници на западната латинска црква, кои инсистирале на употреба на латинската литургија и латински јазик. По обвинувањата за ерес, браќата лично заминале за Рим за да најдат решение. Таму пристигнале во 867/8 год., носејќи ги на дар моштите на папата Климент I кои Константин претходно ги пронашол во Крим. Биле топло пречекани од папата Адријан II, кој ја прифатил употребата на новата словенска литургија. Дополнително, монахот Методиј бил ракоположен за свештеник лично од папата, а други пет ученици биле ракоположени од страна на епископи. Додека биле во Рим, Константин чувствувал дека му се ближи крајот – при крајот на 868 се замонашил (примајќи го името Кирил) и починал 50 денови подоцна, на 14 февруари 869. По смртта на Кирил, папата го ракоположил Методиј за архиепископ панонски со седиште во Срем. Покрај сето тоа, германските епископи и понатаму ги сметале Моравија и Панонија за земји под нивна надлежност. Во 870 год. Растислав бил заробен од својот внук Сватоплук и предаден на Франките, кои завладеале со В. Моравија. Тогаш и Методиј, враќајќи се од Рим како архиепископ, бил заробен и испратен во Регенсбург, Баварија. Таму од германски епископи бил обвинет дека незаконски работи на нивна територија, додека Методиј возвраќал дека бил овластен од папата да делува во териториите кои тие незаконски ги присвоиле од Светата Столица. Епископите го протерале Методиј во Швабија, каде што бил затворен во манастир. По некое време новиот папа Јован VIII открил за судбината на Методиј и по неговата остра реакција тој бил ослободен во 873 год, по две и пол години затвореништво. Папата го потврдил Методиј како архиепископ и испратил писма до три словенски кнезови – Сватоплук (В. Моравија), Коцел (Панонија) и Мутимир (Србија), прогласувајќи дека нивните земји спаѓаат под Методиевата „Панонска диецеза“. Употребата на словенски во литургијата била дозволена, но овој пат било наложено читањето на евангелијата и посланијата прво да биде на латински или грчки, а потоа повторено на словенски.
Hammasini ko'rsatish...
👍 2
Photo unavailableShow in Telegram
Photo unavailableShow in Telegram
1
Во минатото сите Словени говореле ист јазик. Денес иако тоа повеќе не е така, има голема взаемна разбирливост помеѓу различните словенски јазици. Тука ќе го разгледаме историскиот развој на словенскиот јазик и ќе го појасниме значењето на поими како прасловенски, старословенски, црковнословенски. *ПРАИНДОЕВРОПСКИ: Најстариот познат предок на словенските јазици е праиндоевропскиот јазик, за кој не постојат пишани записи и е реконструиран врз основа на споредбен-историски метод од документираните индоевропски јазици. Се претпоставува дека бил говорен како едноличен јазик помеѓу 4.500-2.500 год п.н.е. (не постои точна и конкретна дата). Како резултат на индоевропските миграции и меѓусебното изолирање на групи на неговите говорници започнале да се појавуваат регионални дијалекти. *ПРАБАЛТОСЛОВЕНСКИ: Еден од тие регионални дијалекти бил прабалтословенскиот јазик, исто така хипотетички и реконструиран јазик без пишани записи, заеднички предок на балтичката и словенската јазична група. *ПРАСЛОВЕНСКИ: Прасловенскиот се одвоил од прабалтословенскиот околу 1.500-1.000 год. п.н.е. И овој јазик е реконструиран, без записи, а неговите први говорници живееле во областа позната како Полесје (словенската прататковина), која ги вклучува денешните источни делови на Полска и граничниот простор помеѓу Украина и Белорусија. До околу 500 год. н.е. прасловенскиот јазик не развил внатрешни разлики, а промените ги опфаќале неговите говорници подеднакво. Помеѓу 600-800 год., по почетокот на словенската миграција, започнале да се појавуваат дијалектни разлики. Тие разлики сè уште не биле големи, бидејќи на пр. во 9 век Св. Кирил и Методиј со нивниот ран јужнословенски дијалект биле разбирливи за Словените од Велика Моравија кои говореле ран западнословенски дијалект. Во идниот период разликите продолжиле да се зголемуваат и 10-11 век е последната фаза во која прасловенскиот претставувал единствен јазик, а од него дефинитивно се издвоиле три варијации: западнословенска, источнословенска и јужнословенска. Во наредните векови продолжило понатамошното раслојување на повеќе јазици, кои подоцна еволуирале до денешните словенски јазици. *СТАРОСЛОВЕНСКИ: Старословенскиот (се нарекува и староцрковнословенски, старобугарски, старомакедонски) е првиот словенски литературен јазик, стандардизиран од браќата Св. Кирил и Методиј. Тие, по барање на великоморавскиот кнез Ростислав, помеѓу 862-863 започнале со преведување на свети текстови на словенски јазик заснован на прасловенскиот говор во Солунско, а за таа цел го составиле и првото словенско писмо – глаголицата, која била прилагодена на особините на словенскиот јазик. Овој стандардизиран словенски јазик бил живиот, секојдневен, народен јазик на Словените од Солунско (тогаш без големи разлики со општиот јужнословенски говор) кој Св. Кирил и Методиј го искористиле за создавање на пишан јазик, а поради тоа што неговата првенствена намена била литургиска во него се нашле и позајмици од грчки и новосоздадени словенски изрази за сложени апстрактни и религиски поими. Во Велика Моравија старословенскиот се користел во црквите и државната администрација помеѓу 863-885 и таму се стекнал со западнословенски примеси од народниот говор на тамошните Словени. По протерувањето на учениците на Св. Кирил и Методиј, тие пристигнале во Бугарското Царство и таму ја продолжиле својата дејност во два центри: Преслав и Охрид. На тој начин старословенскиот повторно нашол државна поткрепа и започнал да се пренесува во црквите и администрацијата во други словенски земји. Старословенскиот првобитно бил разбирлив за сите Словени, но со зголемувањето на регионалните разлики тој бил задржан само во црковна употреба или како литературен и јазик на администрацијата, додека народниот говор се развивал во посебна насока, со тоа што старословенскиот добил слична улога како латинскиот во Западна Европа. За разлика од јужно и источнословенските земји, старословенскиот немал големо влијание кај Западните Словени.
Hammasini ko'rsatish...
*ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИ: Покрај сочувувањето на старословенскиот јазик преку црквата, низ разните словенски земји во кои бил користен тој попримил месни јазични влијанија и развил повеќе локални рецензии со особини на тамошните народни говори (притоа задржувајќи ги источните јужнословенски основи), а овие рецензии заеднички се означуваат со поимот „црковнословенски“. На пр., најпрво во Велика Моравија во преводите пишувани на старословенски биле вметнувани елементи од западнословенскиот народен говор, па тоа е т.н. моравска рецензија; во Бугарското Царство се развиле две рецензии – преславска и охридска; се појавиле и српска, хрватска, руска и други рецензии. Разликите помеѓу нив биле во изговорот, правописот, замена на некои зборови и букви и слично. Поради сè поголемиот углед на руската црква по 12 век и околностите на Балканот (османлиската власт, згаснувањето на државите и замирањето на книжевната активност) руската рецензија се наметнала како најчеста форма на црковнословенскиот низ словенските православни земји, но изговорот и на таа редакција денес варира во зависност од тоа за која земја станува збор. Накратко, црковнословенскиот е подоцнежна форма (со повеќе варијанти) на првичниот старословенски јазик кој бил користен од Св. Кирил и Методиј и нивните ученици во Велика Моравија и во Бугарското Царство.
Hammasini ko'rsatish...
🔥 3 1
Photo unavailableShow in Telegram
1
Поради разните историски околности, Македонија е минимум неколку децении до половина век поназад од Западна Европа и САД. Тоа значи дека процесите кои се одвиваат таму, кај нас пристигнуваат со задоцнување (и не само кај нас, туку и во регионот). На еден начин тоа е како да се игра видео игра со чит – имаш способност да ѕирнеш во иднината и да видиш како стојат работите, па однапред да се подготвиш и да знаеш како да маневрираш. Сепак, нашето балканско его и сеир, како и нашата слаба политичка свест и кратковидност, нè тераат или да го игнорираме тоа што се случува таму во далечините, или да се ситиме на тоа што се случува без да извлечеме поука, или неразумно да прифаќаме сè што се случува таму на развиениот Запад, бидејќи нели тоа е развиениот Запад. Па така, денес помеѓу политички активните Македонци, често се сретнува проевропскиот, модерен став „можеби не се согласуваме, но го почитувам секое мислење“, кој беше особено популарен во западниот политички дискурс околу 2015-16 год. Кај неолибералните дегени тоа е политичка алатка и служи за промовирање на нивните неморални гадости, но кај сите останати тоа е пиштол кој служи само за пукање во сопствената нога. Што донесе овој „прогресивен“ став во Западот? Донесе спуштање на гардот и препуштање на широк простор за делување и размножување на најразни дегенеративни идеи без било какво оспорување, во име на високите демократски и европски вредности. Чекор по чекор, отстапка по отстапка – за да се стигне до денешното сатанистичко, геј, трансородово, себемразечко и расно мешано хорор општество кое се нарекува Западен свет. Со задоцнување, тој прогресивен став е веќе присутен кај нас. Мислиме дека сме напредни, мудри луѓе ако го споделуваме, бидејќи е одлика на „развиениот западен човек“. Не сме свесни дека таквата рамнодушност и таквиот кукавичлук ќе доведат до истите општествени болести кои ги гледаме во Западот. Ако верувате во нешто, тогаш имајте цврсти ставови. Ако не верувате во нешто за што вреди да се има цврсти ставови, тогаш подобро е да размислите каков човек сте, бидејќи бидете сигурни дека вашиот противник со цврста агенда ќе биде немилосрден кон вас, без оглед на вашата рамнодушност. - Христијанското гледиште не е да се мрази грешникот, туку гревот. Не повикувам на осакатување на секој кој политички не се согласува со нас, но не треба да се толерираат болести кои очигледно штетат на самите луѓе кои ги проповедаат и на сите околу нив. Не е христијански, ниту е благородно, ниту пак прогресивно, да замижуваме пред тоа што штети на целото општество.
Hammasini ko'rsatish...
👍 7 2🔥 2
Photo unavailableShow in Telegram