cookie

Sizning foydalanuvchi tajribangizni yaxshilash uchun cookie-lardan foydalanamiz. Barchasini qabul qiling», bosing, cookie-lardan foydalanilishiga rozilik bildirishingiz talab qilinadi.

avatar

iNFOMAX.mk

Следете ги најважните вести на Инфомакс на Телеграм!

Ko'proq ko'rsatish
Reklama postlari
1 510
Obunachilar
Ma'lumot yo'q24 soatlar
-37 kunlar
-130 kunlar

Ma'lumot yuklanmoqda...

Obunachilar o'sish tezligi

Ma'lumot yuklanmoqda...

Германија: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност https://infomax.mk/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bf%d1%81%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d1%80/
Hammasini ko'rsatish...
Германија: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Германија оцени дека барањата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас под сомнение дека извршиле воени злосторства даваат „лажен впечаток на еквивалентност“. „Истовременото поднесување налог за апсење на лидерот на Хамас од една страна и двајца израелски функционери од друга страна даде лажен впечаток на еквивалентност“, се вели во соопштението на портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, потсетувајќи дека на 7 октомври „Хамас изврши варварски масакр“ во заедниците на југот на Израел. „Хамас продолжува да држи израелски заложници во неописливи услови, го напаѓа Израел со ракети и го користи цивилното население во Газа како жив штит. Израелската влада има право и должност да го штити и брани својот народ“, се наведува во соопштението и се оценува дека во овој контекст „јасно е дека се применува меѓународното хуманитарно право“. Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, претходно денеска изјави дека се поднесени налози за апсење…

Hammasini ko'rsatish...
Преку 3.000 украински затвореници побарале да се приклучат на армијата

Илјадници украински затвореници бараат да ѝ се приклучат на армијата, соопшти денеска Киев, по одлуката на Парламентот со која се овозможуваат некои категории затвореници да се приклучат на вооружените сили. -Има повеќе од 3.000 луѓе. Ова го предвидовме пред усвојувањето на овој закон, наведе заменик-министерката за правда Олена Висоцка. Таа додаде дека властите идентификувале 20.000 подобни затвореници и дека од нив 4.500 изразиле интерес да се приклучат на армијата. Согласно новиот закон на украинската армија може да ѝ се приклучат само затвореници на кои им останаа помалку од три години од казната. На мобилизираните затвореници им се дава условно ослободување наместо помилување.

Hammasini ko'rsatish...
Телефонски разговор Зеленски-Рама за тековната соработка во одбраната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Албанија, Еди Рама, со кого разговарале за повеќе прашања. Нарекувајќи го голем пријател на Украина, Зеленски наведува дека му се заблагодарил на Рама што го потврдил своето учество на претстојниот Меѓународен мировен самит што е предвиден да се одржи во Швајцарија на 15 и 16 идниот месец. Исто така разговарале и за тековната соработка меѓу Албанија и Украина во областа на одбраната. -Разговарав со албанскиот премиер Еди Рама, голем пријател на Украина, за претстојниот мировен самит и му се заблагодарив за потврдата дека Албанија ќе учествува. Го информирав премиерот Рама и за воената ситуација, поточно за одбраната на регионот Харков. Разговаравме и за нашата тековна соработка во одбраната, пишува Зеленски. (МИА)

Hammasini ko'rsatish...
Полицајци нападнати од 23-годишен скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 21.08.2023 во с.Визбегово, скопско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Hammasini ko'rsatish...
Пентагон: Русија лансираше вселенско оружје кон нашите сателити

„Русија лансираше објект во ниската орбита на Земјата за кој проценуваме дека веројатно е противвселенско оружје за кое се верува дека е способно да нападне други сателити“, изјави на прес-конференција портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер. Рајдер додаде дека Вашингтон ќе продолжи да ја следи ситуацијата и е подготвен да ги заштити своите интереси. „Ние имаме одговорност да бидеме подготвени да ја заштитиме и браниме областа, просторот и да обезбедиме континуирана и непрекината поддршка на нашите сили“, рече тој. Москва претходно ги обвини Соединетите Држави дека сакаат да постават оружје во вселената. „Уште еднаш покажаа дека нивните вистински приоритети во вселената не се насочени кон ослободување на вселената од какво било оружје, туку поставување оружје во вселената и негово претворање во арена за воен конфликт“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Hammasini ko'rsatish...
Вреди го стигна Европскиот фронт по мандати во 6 изборна единица

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски ги соопшти резултатите од прегласувањето на седум гласачки места. Европски фронт 4 мандати, коалиција Вреди 1 мандат во 5 изборна единица Во шестата изборна единица коалицијата Европски фронт освои 8 мандати , коалиција ВЛЕН 8 мандати, соопшти Даштевски и додаде дека течат роковите за жалба. Додаде дека кусата прес конференцијата доцнела речиси два часа поради тоа што требало да ги пресметаат резултатите. Излезноста на денешното прегласување до 18.30 часот беше 50,10 проценти или гласале околу 2.000 гласачи. . Денеска се гласаше на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест изборачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во рамките на 5-тата изборна единица.. . Изборна единица 5 Изборна единица 6 Крушево – избирачки места 1194 и 1202 с. Ларце - Желино - 2101 Долнени – избирачки места 1470 и 1470/1 Струга – избирачко место 1884 Охрид – избирачко место 1272

Hammasini ko'rsatish...
Вучиќ праша: Каков ќе биде резултатот ако утре ја усвоите оваа резолуција?

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на панел дискусија во седиштето на ОН во Њујорк, каде што зборуваа жртвите и сведоците на војната во Босна и Херцеговина, ги повика сите членки на Генералното собрание на ОН да не ја усвојуваат нацрт-резолуцијата за Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград. -Длабоко сум трогнат од сведочењата на сите Срби кои дојдоа овде да сведочат низ што поминале пред 30 години, рече Вучиќ на трибината на тема „Ние зборуваме затоа што тие не можат – гласови што треба да се слушнат“, организирана од постојаната мисија на Србија во ОН. Тој нагласи дека вистината никогаш не е еднострана и дека жртвите тоа го потврдиле во пресрет на евентуалното усвојување на нацрт-резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Вучиќ истакна дека овие луѓе не се политичари, туку обични луѓе и дека сите ќе се чувствуваат многу лошо ако се донесе резолуцијата, бидејќи тие се жртви, а на челото ќе им се стави белег како да се дел од геоноциден народ. -Србија никогаш не молчела, ние не молчевме за страшните…

Hammasini ko'rsatish...
Кавадарчани слават: Тиквеш го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Фудбалерите на Тиквеш беа подобри од Воска Спорт со 2-1 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и го освоија првиот пехар во Купот на Македонија Кристијан Стојкоски во завршницата на првото полувреме на мајсторски начин погоди од слободен удар за предност од 1-0 на Тиквеш пред паузата. Кавадарчани искористија уште една шанса во вториот дел, односно во 59. минута кога Луан Силва погоди за 2-0, по што Никола Шаркоски стрелаше во 77. минута и ја врати надежта на Воска. Воска доби уште една голема шанса во втората минута од судиското надополнување, но Тиквеш се одбрани и славеше со 2-1.

Командант на шведската армија: Путин го сака островот Готланд, ако нападне, почнува војна со НАТО https://infomax.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b8%d0%bd-%d0%b3-2/
Hammasini ko'rsatish...
Командант на шведската армија: Путин го сака островот Готланд, ако нападне, почнува војна со НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин го сака шведскиот остров Готланд, предупреди шефот на шведското Министерство за одбрана, Микаел Биден. Готланд, најголемиот остров во Шведска, споредлив по големина со Роуд Ајленд, е стратешки лоциран во средината на Балтичкото Море, помеѓу Стокхолм и руската ексклава Калининград. Руското Министерство за одбрана објави план за проширување на територијалните води во Балтичкото Море, што предизвика меѓународна загриженост. „Сигурен сум дека Путин со двете очи гледа во Готланд. Целта на Путин е да ја добие контролата над Балтичкото Море“, рече Биден, врховен командант на вооружените сили на Шведска. „Ако Русија ја преземе контролата во Балтичкото Море, тоа би имало огромно влијание врз нашите животи – во Шведска и сите други земји што граничат со Балтичкото Море. Не можеме да го дозволиме тоа“, рече Биден. „Балтичкото Море не смее да стане игралиште на Путин“, додава тој. По демилитаризацијата во 2005 година, Шведска повторно воведе постојани трупи во Готланд во 2016 година…

😁 2💩 1